Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Индиското вселенско летало штотуку успешно слета на јужниот пол на Месечината

23 авг. 2023 г.·2 мин читање·1795 прегледи

Следете не на Viber

Вселенското летало на Индија, Чандрајаан 3 успешно слета на јужниот пол на Месечината.

Индија со тоа стана првата нација што слета вселенско летало на јужниот пол на Месечината, неколку дена откако руската сонда се урна во истиот регион. Чандрајаан-3 – „месечината“ на санскрит – полета од лансирната рампа во Шрихарикота во јужна Индија на 14 јули и една од четирите нации кои досега успешно слетале на земјиниот сателит – Месечина.

Научниците веруваат дека непознатата територија на јужниот пол може да содржи важни резерви на замрзната вода и скапоцени елементи.
Во Индија, луѓето се преполни околу телевизорите во канцелариите, продавниците, рестораните и домовите за да го гледаат слетувањето на Месечината во живо.

Местото на слетување се наоѓа на висорамнина јужно од кратерот Манзинус и западно од кратерот Богуславски. Тоа е приближно во истото соседство со местото каде што се урна индиската мисија Чандрајаан-2 во 2019 година и каде што требаше да се спушти руското вселенско летало Луна-25, кое се урна во саботата.

„Постигнавме меко слетување на Месечината, Индија е на Месечината“, вели Sreedhara Panicker Somanath, претседател на ISRO.
Обидот за слетување, во последните минути, го гледаат 7,5 милиони луѓе на YouTube каналот на ISRO, а се емитува во живо на индиските канали за вести.

„Нашиот успех му припаѓа на целото човештво, ќе има уште многу мисии во вселената“, рече премиерот на Индија, Нареднра Моди во своето сателитско обраќање по видео линк од Јоханезбург каде што се наоѓа на самитот на земјите на БРИКС.

Клучни зборови

  • индија
  • месечина
  • Чандрајаан-3
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk