Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Колку изнесуваше индексот на индустриското производство во јуни, 2020?

31 јул. 2020 г.·2 мин читање·119 прегледи

Следете не на Viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22.0 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 24.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.7 %, Капитални производи за 22.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 41.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 85.4.

 Преземи го соопштението во целост

Преземи табели

Клучни зборови

  • индекс
  • индекси
  • индустриско производство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk