Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Имлек Протеин поддржувач на повеќе од десет трки и поттикнувач на спортски активности

24 ное. 2023 г.·3 мин читање·892 прегледи

Следете не на Viber

Со последните две трки, Имлек Протеин ја завршува низата спортски настани каде безрезервно даде своја поддршка, од зони за одмор и навивање до снабдување на учесниците и публиката со дневна доза протеин.

Брендот Имлек Протеин помогна во одржување на уште два спортски настани изминатиов период, трката на 5 и 10 километри во Кичево, што воедно е и прва атлетска трка во градот и November Run Гевгелија, трка што веќе има традиција во јужниот град и се одржа по трет пат.

Поддршката на овие трки доаѓа по успешно спроведените спортски настани во повеќе градови низ Македонија каде Имлек Протеин беше во улоги на поддржувач, партнер и спонзор. Па така, годината измина во спортски дух, почнувајќи од „Скопје трча” и „Охрид Ултра треил” во мај, „Охрид трчат” и првата женска трка во Битола „Биди своја” во јуни, Виз Ер маратонот во Скопје, „KRun 2023” во Кичево во октомври и November Run Гевгелија.

Имлек Протеин беше присутен на овие настани преку спортски зони за сите присутни, оние кои се натпреваруваат и оние кои дојдоа да ги бодрат. Спортските зони на Имлек беа вистинско место за забава и релаксирање, но и шанса каде тркачите можеа да здивнат и да си ја обноват енергијата и да добијат подароци. Посетителите се натпреваруваа во забавни игри како „Тркало на среќата” и „Колку високо можеш да допреш”, а енергетскиот „буст” се добиваше од препорачаните дози протеински шејк Имлек Протеин. Освен спортските зони, на настаните во текот на целата година можеа да се пробаат производи на Имлек Протеин, а вработените во Бимилк дадоа пример и со земање учество во трките.

Со присуството на Имлек Протеин на вакви настани се потсети на исклучителното значење на снабдувањето на телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата по завршување на спортска активност. Конкретно по трчање, мускулите се исцрпени, па неопходно е да се внесе доволна доза протеин како основа за градење здрава мускулна маса.

Препораката на Имлек Протеин за спортисти и рекреативци произлегува од тоа што не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек Протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса: чоколадо, ванила и јагода, и Имлек Протеин чоколада во пакување од 500 мл, но и како пудинг во три варијанти: чоколадо, ванила и солена карамела.

Имлек Протеин беше омилен протеински пијалак на вкупно 11 спортски случувања оваа година. Брендот продолжува со поддршката на здравите навики и со нетрпение ја очекува следната прилика за забавна и едукативна дружба со сите спортисти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици и остварување лични цели.

Клучни зборови

  • Имлек протеин
  • спортски настани
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk