Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИМЛЕК ОАЗА – 100% посни напитоци од овес и бадем

19 јун. 2024 г.·2 мин читање·580 прегледи

Следете не на Viber

Новите производи на Млекара АД Битола, Имлек Оаза, претставуваат алтернативни, посни напитоци од овес и бадем и се резултат на континуираното истражување, развој и стремење кон иновации, како и одговор на потребите на современиот потрошувач.

Бимилк, после повеќе од 70 години постоење, првпат влегува во категоријата на растителни напитоци, кај народот познати како „билни млека“. Со лансирањето на ова портфолио, Бимилк како компанија се издвојува од останатите во млечниот сектор бидејќи за своите потрошувачи, а и за оние потрошувачи кои се на посебна исхрана, сега нуди алтернативни напитоци од бадем и овес.

Производите од брендот Имлек Оаза се направени со најквалитетни состојки, богатство од витамини и минерали кои се важна поддршка за балансирани оброци. Се истакнуваат со висока содржина на калциум и витамини Б2, Б12 и Д2, не содржат лактоза, овозможувајќи алтернатива за сите оние кои бараат производ без оваа состојка. Овие производи носат свеж пристап во исхраната, нудејќи им на потрошувачите единствено искуство и исклучителна нутритивна вредност. Имлек Оаза овес и бадем едноставно се вклопуваат во дневната рутина, било како додаток за кафе, за здрави оброци, каши, смути, за подготовка на јадења или како освежителен напиток.

Имлек Оаза бадем е одличен напиток од бадем. Егзотичен плод, кој е извор на протеини, минерали, влакна и витамини. Бадемот помага за детоксикација на организмот и регулирање на нивото на холестерол.

Овесот е житарка богата со влакна, белковини и витамини, која освен што ги регулира тегобите со варењето – го намалува холестеролот и на телото му дава многу енергија. Благодарение на својата најважна состојка, Имлек Оаза напитокот од овес претставува одлична поддршка на вашиот организам и здравите навики.

Иновациите се клучен дел од делувањето на Бимилк и произлегуваат од секој сегмент од работата на компанијата, а најновиот бренд Имлек Оаза претставува исклучително важен чекор за одржување на водечката улога во млечната индустрија во земјата.

Клучни зборови

  • ИМЛЕК ОАЗА
  • Млекара АД – Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk