Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Имитаторите на Илон Маск во крипто измама извлекле 80 милиони долари

19 мај 2021 г.·2 мин читање·3339 прегледи

Следете не на Viber

Имитаторите на Илона Маск заработија милиони од крипто-измама. Измамниците преправајќи се дека се Елон Маск заработиле повеќе од два милиони долари за шест месеци, според официјални претставници на САД за заштита на потрошувачите.

Според Би-Би-Си, Федералната трговска комисија (ФТЦ) добила поплаки од луѓе кои изгубиле вкупно 80 милиони долари во крипто измама од октомври 2020 година.

ФТЦ наведува дека загубите поради измамници кои се претставуваат како Илон Маск или други познати личности се зголемиле за скоро илјада проценти во текот на 2019/20.

Таквите измами обично започнуваат како совети за инвестирање преку Интернет. Таквиот „совет“ ги мами луѓето да вложат на инвестициски страници, пишува Би-Би-Си. Измамниците честопати имитираат познати личности на Твитер со копирање на нивните профилни слики и избор на кориснички имиња слични на оригиналните сметки. Потоа тие одговараат на популарните твитови на вистински познати личности со цел нивните пораки да станат широко распространети на Твитер.

Од ФТЦ велат дека луѓето што се преправаат дека се Елон Маск заработиле повеќе од два милиони долари за шест месеци од октомври до денес.

Понекогаш измамниците пробиваат профили наместо да ги имитираат. Минатиот јули, Маск, Бајден, Обама и Кание Вест беа меѓу славните кои хакерите најмногу ги користеа на Твитер во измама со биткоин. ФТЦ додава дека криминалците на Интернет честопати земаат пари со користење романтични мрежни измами или имитирање на државни служби.

Веројатноста дека ќе бидат измамени на тој начин е пет пати поголема кај луѓето на возраст меѓу 20 и 49 години отколку кај постарите лица, покажуваат резултатите од нивното истражување.

Клучни зборови

  • elon musk
  • имитатори
  • крипто измама
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk