Десет аптеки направиле промет од 171,5 милиони евра во текот на минатата година. Тие се најдобрите според остварените приходи – од над 2 до над 60 милиони евра. Па, може само да се претпостави колкава би била бројката ако се пресмета колку пари свртеле сите 1.186 аптеки што се заведени во Регистарот на Министерството за здравство. Зашто, тие го имаат лекот за сите болести и многу други работи за заштита на здравјето, додатоци во исхраната, козметика, органска храна, медицински помагала…
Пари, користејќи ги податоците од БизнисМрежа, пресмета дека вкупниот приход на топ 10 аптеки, изразен во домашната валута, изнесува точно 10.545.436.237 денари. Тоа е респектибилна сума, која укажува на значителна активност и е одраз на побарувачката во доменот на фармацевтските производи.
ПРИХОДИ ОД 2,5 ДО 60,5 МИЛИОНИ ЕВРА
Широкораспространетата мрежа од аптеки и најголемиот број вработен…