Сам човек – сам свој газда! И нормално – голема плата. Пребарувањето на платформата БизнисМрежа.мк покажува дека во ТОП 5 компании со најголеми просечни плати во 2022 година, три фирми се со по еден вработен. Секако, плата за еден вработен не е просечна плата, туку единечна плата. Во овие ТОП 5 компании и преостанатите две компании се со мал бој вработени. Едната со шестмина, другата со тројца вработени.
Значи, успех за добро платен бизнис е фирма со малку вработени, или најдобро еден вработен, која ја погодила дејноста, а и многу „коцки и се составиле“. Но, тоа би било само просто гледање на работите.
Анализата на порталот „Пари“ покажува дека во 2021 година во овие фирми со еден вработен (освен во една) немало еден вработен, туку повеќемина, а л…