Општина Илинден се позиционира како едно од најсилните индустриски јадра во Македонија. На просторот што опфаќа 11 села со центар во истоимената населба, свое место имаат потврдени домашни брендови и глобални компании. Тука се лоцирани одделни важни индустриско-стопански објекти, како и скопските технолошки индустриски развојни зони. Локацијата е стратешка: на крстосницата на коридорите 8 и 10, со директен излез на автопатот Е-75, во близина на Меѓународниот аеродром „Скопје“, и е атрактивна за инвеститорите.
Атрактивна е и за живеење. Барем така велат бројките, кои го ставаат Илинден во редот на малубројните општини, каде што помеѓу две пописни операции населението е зголемено.
Што се однесува до деловниот живот, за него говорат податоците од Бизнис Мрежа, искористени за оваа анализа на Пари. Опфатени се по десет компании со најдобри резултати прикажани во сегментите приход, добивка и број на вработени. Вс…