Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Г-дин Илија Илоски го зголеми својот акционерски капитал во Комерцијална Банка

3 фев. 2021 г.·2 мин читање·6305 прегледи

Следете не на Viber

Примерот на Г-дин Хари Костов го следи и Г-дин Илија Илоски.

Г-дин Илија Илоски, кој во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа во 2006 година како Генерален директор, a од 2008 година ја извршува функцијата Главен оперативен директор, и член на Управниот одбор на банката, по примерот на Г-дин Хари Костов, си докупи 1.000 акции со право на глас во банката во чиј Управниот одбор членува.

Оваа информација денеска е официјално е достапна на Македонска Берза, еден ден откако иста количина акции си докупи и Г-дин Хари Костов, кој е Главен извршен директор на Комерцијална банката и претстедател на Управниот одбор.

Вложувањето на повеќе од 7 милиони денари во акции на „Комерцијална банка“, секако ќе биде дополнителен охрабрувачки сигнал за акцинорите кои имаат акции во банката, тие да не ги продаваат, а воедно и мотив да се охрабрат нови инвиститори да купат акции од банката.

Г-дин Костов и Г-дин Илоски во континуитет вложуваат во акции во Комерцијална банка, и тоа е позитивна корпоративна пракса.

Акцијата на „Комерцијална банка“  котира меѓу најликвидни хартии од вредност со кои се тргува на Македонска берза.

Минатата година Комерцијална банка ја заврши со одлични резултати од работењето.

Како одработи „Комерцијална банка“ во 2020 година, прочитај [ т у к а ]

Клучни зборови

  • акции
  • Илија Илоски
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • член на Управен Одбор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk