Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

IFO: Неизвесноста околу Брегзит причина за страв на германските компании

26 окт. 2019 г.·1 мин читање·96 прегледи

Следете не на Viber

Германскиот економски институт IFO, прогнозира дека домашната економија малку ќе порасне во четвртиот квартал.

Сепак, од институтот додаваат дека сè уште постои голема неизвесност помеѓу лидерите на компаниите поради сè уште нерешената ситуација околу Брегзит.

Институтот, исто така, објави дека деловната клима помеѓу германските компании во октомври остана на исто ниво како и во септември, бидејќи економијата се стабилизира по забавување регистрирано на почетокот на оваа година.

Индексот на деловна клима во октомври остана на 94,6 поени, се вели во соопштението на Институтот.

Во својата проценка на тековната деловна состојба, компаниите во октомври беа попесимистички настроени во однос на претходниот месец, но се пооптимистични во поглед на перспективите за деловно работење за наредните месеци.

Клучни зборови

  • IFO
  • Германија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk