Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ИДНИНАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВИЈАЦИЈА е под знак прашалник, стравува директорот на „Луфтханза“

17 окт. 2024 г.·2 мин читање·1092 прегледи

Следете не на Viber

Откако Рајанер и Еуровинкс најавија големи намалувања на услугите во Германија во 2025 година, извршниот директор на „Луфтханза“, Карстен Спор, вели дека е загрижен што високите даноци и такси на германските аеродроми ќе продолжат да ги оддалечуваат превозниците.

Зборувајќи за Билд ам Зонтаг, Спор изрази  загриженост за германската воздухопловна индустрија која се чини дека оди подалеку од едноставно неговото сопствено портфолио на превозници во групацијата „Луфтханза“:

„Многу сум загрижен за поврзаноста на нашите деловни локации. Екстремното зголемување на државните трошоци за воздушниот сообраќај доведува до натамошен пад на услугите. Се повеќе авиокомпании ги избегнуваат германските аеродроми или откажуваат важни врски.“

Тој посочи дека Евровинкс, нискобуџетна подружница на „Луфтханза“, и ирскиот бужетен превозник Рајанер, ги откажале германските линии поради премногу високите аеродромски такси.

Рајанер минатата недела објави дека ќе ја прекине услугата за Дрезден, Дортмунд и Лајпциг почнувајќи од следното лето и конкретно ги обвини високите даноци и такси. Рајанер исто така ги намалува летовите до Хамбург за 60% и за Берлин за 20%. Тој го обвини намалувањето на рутите на континуираниот неуспех на германската влада да ги намали таксите за воздушниот сообраќај, безбедноста и контролата на воздушниот сообраќај, кои ги попречуваат закрепнувањто и растот.

„Германските граѓани сега се соочуваат со највисоките авионски билети во Европа по спасувачката програма на „Луфтханза“ од шест милијарди евра. Оваа изведба на Германија  во целосна спротивност со другите земји од ЕУ, како што се Шведска, Италија, Унгарија, Полска, кои ги намалуваат трошоците за пристап за да го промовираат закрепнувањето по Ковид-19 и растот на воздушниот сообраќај.“ – вели Спор.

Покрај откажувањата на Германија, Еуровинкс  веројатно ќе отстрани шест други дестинации во Европа и Северна Африка од својата програма од Хамбург.

Според Спор, летањето од и до Германија станува се поскапо и непрофитабилно на многу линии. Овој развој можеше да се избегне, но плановите на аеродромот за целосно непропорционално зголемување на таксите не оставаат избор.

Спор исто така го осуди и националниот мандат за синтетичко гориво, кој тој го означи како невозможен мандат кога „мешаната квота“ за е-горива се уште не е достапна во доволни количини.

„Резултатот е дека квалитетот на поврзувањето на многу важни економски региони опаѓа според меѓународните стандард“, вели Спор.

Клучни зборови

  • авијација
  • Германија
  • Еуровинкс
  • Луфтханза
  • откажување на летови
  • рајанер
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk