Во економијата постои термин ефект на стадо, кој означува носење на одлуки кои се основани врз база на колективно наметнати ставови и истите во целост се проследуваат до наредниот корисник. Кога во држава како Македонија постојат толкав голем број на познавачи на крипто валути и кога секој од нив има свој удел во тоа елитно друштво, нешто почнува да „чкрипи” во целата ситуација. Секојдневно слушаме разни совети од луѓе кои немаат никаква допирна точка со економија, финансии или меѓународни пазари на капитал и платформи за тргување дека некоја крипто валута е иднината и дека сите свои заштедени пари (читај позајмени од банкарски сектор и финансиски институции) ги пласирале преку непознати посредници без притоа да добијат некаков писмен доказ за нивната инвестиција. Нивниот вокабулар и алокацијата на своето слободно време е целосно насочено кон крип…