Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ДЕКА ЌЕ СЕ СТАВИ ПОД КОНТРОЛА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, сепак ќе има зголемување за околу 3%

13 ное. 2024 г.·2 мин читање·2283 прегледи

Следете не на Viber

И покрај тоа што претходно се најавуваше дека струјата нема да поскапи од 1 јануари, со оглед дека веќе две недели струја се увезува, а на берзата ХУПЕКС цената стигна до 300 евра за мегаватчас, а и дека компанијата ЕСМ е во исклучително лоша состојба и нема помош од Буџетот има земено и кредит од домашните банки, сепак струјата ќе поскапи за 2 до 3 отсто.

-Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да биде незначително, најмногу до 3 отсто. Не очекувам да биде повеќе од тоа – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, цената по која ЕСМ ќе ја испорачува струјата кон ЕВН хоум, ќе биде меѓу 58 и 62 евра за мегават час, која е во рамките на 60 евра по која ја испрачува до сега.

На прашањето дали цената на струјата на ЕСМ и натаму ќе се одржува вештачки под производната цена за мегаватчас, со оглед на тоа што е повисока, а сега е 60 евра, Мицкоски рече дека ЕСМ има приходи од електричната енергија која што ја дава на ЕВН хоум, како и од системски услуги односно терциената енергија која што ја дава на МЕПСО и плус од загубите кои што ги продава и на МЕПСО и на дистрибутерот.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го разгледува барањето за зголемување на цените од енергетските компании, но конечната одлука за новата цена на струјата сè уште не е донесена. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, посочи дека доставените пресметки од компаниите се високи и за Комисијата неприфатливи.

Според информациите, операторот МЕМО побарал зголемување од речиси 80%, а МЕПСО за 50%. Бислимовски вели дека овие бројки се само дел од факторите кои ќе ја одредат финалната цена. Одлуката ќе зависи и од понудената цена од ЕСМ на тендерот за ЕВН Хоум и од трошоците за покривање на загубите на електрична енергија.

-Голем број на мали потрошувачи се враќаат на слободниот пазар, што создава притисок врз цената. Сепак, сè уште немаме податоци за цените по кои ќе се купуваат загубите – рече Бислимовски.

Клучни зборови

  • зголемување на цената
  • цена на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk