Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

И годинава во фокусот на НЛБ: Поддршка на приватниот сектор и населението

31 јан. 2023 г.·2 мин читање·1347 прегледи

Следете не на Viber

Инфлаторните притисоци, нарушувањата на енергетските пазари и сите проблеми што ги носи глобалната криза, речиси е извесно дека ќе бидат присутни и во текот на годинава. Имајќи го сето тоа предвид, НЛБ банка АД Скопје со целиот свој капацитет ќе се соочува со ризиците, но сепак, има и очекување дека во претстојниот период ќе се одржи макроекономската стабилност во државата. Во тие рамки и најавата дека и понатаму ќе обезбедува поддршка на приватниот сектор, со што како и досега, ќе има значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент.

Исто така, предвидена е поголема и поразновидна понуда за стартап компаниите, што подразбира учество во раните фази од процесот на нивното создавање, но и во активностите за дигитализација. И, како што наведуваат од Банката, ќе се одржи континуитетот во давањето поддршка на македонското стопанство.

Во оваа 2023 за клиентите на НЛБ се подготвува проширување на палетата производи и услуги, Ќе бидат понудени различни банкарски производи, а се оди и кон зголемување на квалитетот на услугите, со цел постигнување уште подобри резултати во работењето.

Внимание и годинава ќе се посвети на „зелените“ кредити – за производство на електрична енергија од обновливи извори, за намалување на загадувањето и за подобрување на животната средина. Со што Банката дава свој придонес во борбата со климатските промени и последиците што произлегуваат од нив.

Од НЛБ ја нагласуваат и важноста од комуникацијата со клиентите, па затоа во фокусот на работењето е ставена дигитализацијата. Конкретно, унапредувањето на капацитетите на дигиталните канали, со што ќе се обезбеди повисоко ниво на достапност на Банката и подобро искуство на клиентите, а за таа цел ќе се зајакне и улогата на контакт-центарот.

Граѓаните   и   домашните   бизниси   добиле   кредитна   поддршка   од   1,1   милијарда   евра,

депозитите изнесуваат 1,4 милијарди евра, а остварена е добивка од 39,5 милиони евра

Се на се, од НЛБ се надеваат на уште една успешна година. За потсетување, и покрај сите негативни случувања на светската и на домашната сцена, минатата 2022 беше успешна за оваа банка:  оствари добивка од 39,5 милиони евра, депозитите достигнаа ниво од 1,4 милијарди евра, а кај граѓаните и домашните бизниси се пласирани кредитни средства од 1,1 милијарда евра.

Клучни зборови

  • зелени кредити
  • нлб
  • нлб23
  • Очекувања за претстојниот период
  • очекувања на менаџментот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk