Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

И БЛОК И ТРГУВАЊЕ: Во акции на Стопанска банка Битола вложени над 150 илјади евра

17 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1330 прегледи

Следете не на Viber

Зголемен интерес за акциите на Стопанска банка Битола. На берзата помина блок-трансакција и во пакетот од 1.687 акции се вложени повеќе од 90 илјади евра. Истиот ден истргувани се и 1.167 акции на официјалниот пазар со промет од 60,7 илјади евра. По различна цена.

Хартиите од вредност издадени од битолската банка во блокот се продадени по единечна цена од 3.296 денари. Во домашна валута, вредноста на трансакцијата е 5.560.350 денари. Од почеткот на месецов ова е втор блок. На трети септември познат купувач се стекнал со илјада акции за кои платил 3.200.000 денари или над 52 илјади евра. По 3.200 денари за акција.

По таа цена се одвивало и вчерашното тргување, кога е направен промет од 3.734.400 денари.

ИНТЕРВЈУ  | КУКУНОСКА: Секој работодавец во својата стратегија за работа да стави висок акцент на безбедноста на своите вработени и на својот бизнис

Има интерес за оваа акција додека тече процесот и рокот за реализација на понудата од најголемата домашна банка. Сепак, „првата, последна и единствена понуда за откуп“, како што велат од Комерцијална банка, во случајот со блок-трансакцијата не е лимитирачки фактор.

Инаку, до крајот на неделава, акционерите на Стопанска банка Битола треба да го стават својот потпис на писмената изјава, со која се согласуваат своите акции да и ги продадат на Комерцијална банка. За целосно преземање на акциите, оваа банка издвоила вкупен износ од 20,3 милиони евра, пари уплатени на сметка во Централниот регистар за хартии од вредност.

Клучни зборови

  • блок трансакција
  • Македонска берза
  • Стопанска банка Битола
  • тргување со акции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk