Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Хуавеи гради фабрика во источна Франција, прва од ваков вид надвор од Кина

18 дек. 2020 г.·2 мин читање·1406 прегледи

Следете не на Viber

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина ваква фабрика надвор од Кина, објави компанијата во четвртокот.

Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица. Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот европски пазар, велат од компанијата.

Според Хуавеи, фабриката во Брумат, мало гратче на околу десетина километри северно од Стразбур каде веќе постои голема технолошка зона, треба да произведува опрема во вредност од милијарда евра годишно.

„Со оваа фабрика сместена на европска раскрсница, Huawei ќе го збогати веќе силното присуство на континентот каде што веќе има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, повеќе од 3.100 добавувачи и успешен ланец на снабдување“, изјави кинеската компанија.

Претседателот на регионалниот совет на Гранд Ест, Жан Ротнер, рече дека изградбата на првиот ваков производствен погон на Хуавеи надвор од Кина во Брумат е одлична вест што „зборува за економската динамика на регионот“.

Тоа е стратешки избор што доаѓа во тежок контекст за кинеската група, поради трговската војна меѓу САД и Кина, пишува агенцијата Франс прес.

Администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп смета дека Хуавеи претставува закана за шпионажа на сметка на кинеската влада.

Соединетите држави повикаа голем број земји, особено европските, да не ја користат инфраструктурата на Huawei за да постават нова 5G мрежа.

Франција експлицитно не го отфрли ова, но Велика Британија и Шведска се двете европски земји кои официјално го исклучија Huawei од учество во мобилната мрежа од третата генерација.

Клучни зборови

  • фабрика
  • франција
  • Хуавеи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk