Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

ХРВАТСКА МАКА МАЧИ СО ЗДИВЕНИТЕ ЦЕНИ: Пленковиќ им даде рок на трговците до петок да се корегираат

10 јан. 2023 г.·3 мин читање·1544 прегледи

Следете не на Viber

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ им даде рок до крајот на работната недела на хрватските трговци да ги вратат цените на нивото од пред воведувањето на еврото. „Владата пристапи со добра волја на процесот на воведување на еврото, чесно и во согласност со прописите, но, за жал, некои стопански субјекти го искористија тоа што хрватската куна се менува со еврото и неоправдано ги покачуваа цените според рамка на заокружување на многу повисоко отколку што би се очекувало и нормално“, рече премиерот. „Некои од актерите се однесуваат измамнички“, оцени шефот на Владата и додаде дека со тоа им нанесуваат штета на сопствените граѓани и економијата, но и нанесување политичка штета на Владата и државата

Премиерот и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, во понеделникот изјави дека добил недвосмислена поддршка од своите сопартијци за спроведување на кадровски промени во секторот за реконструкција во наредните денови, а на стопанските субјекти им даде рок до петок да ги вратат цените на нивото пред воведувањето на еврото.

Обновата и годинава останува најважниот приоритет во политичка смисла, забрзување на тој процес. Во таа насока, во следните денови добив бланко поддршка за одредени кадровски промени и тие се поврзани со таа тема, изјави Пленковиќ по седницата на поширокото Претседателство на ХДЗ. По дополнителни консултации ќе ја информираме јавноста и ќе го запознаеме Собранието, додаде тој.

Пленковиќ исто така повтори дека дел од стопанските субјекти ја искористиле транзицијата кон еврото и неоправдано ги покачиле цените, посочувајќи дека Владата има алатки и нема да се двоуми да ги искористи, а веќе овој петок – од враќање на цените во претходниот период до укинување на субвенциите и зголемување на даноците.

Нема да дозволиме стратешкото достигнување на Владата и државата да биде загрозено од некои актери на сцената со нивното неодговорно однесување, посочи тој и уште еднаш ги повика бизнисмените да ги вратат цените на нивоата пред воведувањето на еврото. „Имаат рок до петок да ги вратат цените“, им рекол тој.

„Не е исто ако некој со заокружување ги покачи цените за 10, 20, 30, 40 или 50 отсто, нема инпут што толку пораснал од 31 декември до 2 јануари некој толку многу ќе ги покачи цените“, рече тој додавајќи дека им нанесуваат штета на сопствените граѓани и економијата, како и нанесуваат политичка штета на Владата и државата.

„Владата не продолжува со тоа што однапред мисли дека некои економски субјекти се измамници. Ние не сме воспитани така. Воспитани сме да работиме добро и очекуваме и другите да го сторат истото“, рече тој.

Клучни зборови

  • Андреј Пленковиќ
  • еврозона
  • Хрватска
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk