Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Хрватска ќе ја замени куната со евро

9 јун. 2020 г.·2 мин читање·2166 прегледи

Следете не на Viber

За време на летните месеци, Хрватска официјално ќе побара влез во банкарската унија и ЕРМ II, „чекална“ за влез во еврозоната, каде што мора да помине најмалку две и пол години.

Хрватската влада наскоро треба да ги извести европските институции за примената на сите мерки, а ЕЦБ треба да ги извести земјите-членки на еврозоната за резултатите од проценката на пет хрватски банки.

Нивниот позитивен одговор се очекува до средината на јули, пишува „Јутарњи лист“, по што постапката наложува испраќање на официјално барање за влез во ЕРМ II и да се воспостави тесна соработка помеѓу ХНБ и ЕЦБ.

Според неофицијалните информации, овој процес треба да заврши наредните месеци. Доколку Хрватска го направи првиот чекор на патот кон еврото, прашањето коешто се поставува е кога еврото ќе се користи во секојдневна употреба. Искуството на другите земји покажува дека овој период може да варира од две и пол години, колку што и требаше на Словенија, до 11 години, што и беше потробно на Литванија од 2004 до 2015 година.

Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

Клучни зборови

  • валута
  • вредност
  • евро
  • куна
  • монета
  • хрватска влада
  • хрватски пари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk