Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Хрватите со бојкот против скапотијата – Трговците нудат попусти, продавниците празни

24 јан. 2025 г.·2 мин читање·1881 прегледи

Следете не на Viber

„Нема ни цент да потрошам“, „Доста ни е да плаќаме за производите што некогаш беа достапни, а сега се луксуз“… реагираат на социјалните мрежи граѓаните на Хрватска, каде што денес, поради енормните зголемувања на цените, започна бојкотот на продавниците, трговските синџири и бензинските пумпи. Се објавуваат слики и видеа на кои се гледаат празни маркети, со кои се потврдува дека Хрватите позитивно одговараат на иницијативата на овој начин да им се спротивстават на поскапувањата.

Наспроти нив, според хрватските медиуми, трговците денес настапуваат со акциска продажба и големи намаленија. „Да се стават на листата за повеќедневен бојкот сите продавници кои денес производите ги даваат на акција“, реагираат потрошувачите.

Иницијативата за бојкотот е на платформата „Ало, инспекторе“, а доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, дури и министерот за економија.

Во Хрватска, потрошувачките цени мерени со ХИЦП (европски усогласени индекси на потрошувачки цени) лани во декември забележале раст од 4,5 насто во споредба со истиот месец во 2023 година. Што, пак, е нивен најсилен раст од мај.

За првпат во историјата на Република Хрватска потрошувачите се организираат и сакаат да покажат што мислат за поскапувањата и инфлацијата, вели Јосип Келемен од „Ало, инспекторе“.

Потребата од бојкот се аргументира со тоа што ниту една членка на ЕУ не забележала вакво поскапување, особено на храната, во последните две години. А, тој раст не запира и во најава се  нови поскапувања, а за десетици илјади граѓани состојбата со поскапувањата е неподнослива.

Првата цел е постигната, сметаа од „Ало, инспекторе“ : „Гласот на потрошувачот се слуша посилно, погласно и посериозно од кога било. Проблемот со неверојатните поскапувања во Хрватска конечно стана тема за оние на кои досега не им беше тема. Предизвикавме реакција од сите што доведоа до ова, увозниците, дистрибутерите, трговците и владата која има мандат и алатки да ги реши ваквите нарушувања“. За постигнување на третата цел – запирање на понатамошниот раст на цените, велат, потребно е малку повеќе време. „Свесни сме дека пазарот е сложен механизам и цените нема да паднат преку ноќ поради еден бојкот, но овој огромен раст може и мора да се запре“, тврдат од „Ало, инспекторе“.

 

Клучни зборови

  • Ало
  • бојкот
  • високи цени
  • инспекторе
  • Хрватска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk