Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

H&M очекува загуба и во вториот квартал, планира намалување на трошоците

3 апр. 2020 г.·2 мин читање·63 прегледи

Следете не на Viber

“Поради драматичниот пад на пазарот, мора да донесеме многу тешки одлуки и да преземеме одлучни мерки. Со секој ден во кој ни се затворени продавниците, ситуацијата станува се по предизвикувачка”, изјави новоназначената извршна директорка Хелена Хелмерсон.

 

Шведскиот ланец за облека H&M во петокот извести дека продажбата во март е скоро преполовена поради пандемијата од коронавирусот, предвидувајќи дека вториот фискален квартал ќе се затвори со загуба.

 

Поради пандемијата, H&M привремено ги затвори повеќето продавници, најави отпуштања на голем број на работници и ја укина годишната исплата на дивиденда, прв пат од воведување на берзанската котација во 1974 година, јавува Reuters

“Поради драматичниот пад на пазарот, мора да донесеме многу тешки одлуки и да преземеме одлучни мерки. Со секој ден во кој ни се затворени продавниците, ситуацијата станува се по предизвикувачка”, изјави новоназначената извршна директорка Хелена Хелмерсон.

Според неа, на крајот на март, имало привремено затворени 3.778 продавници на 54 пазари, вклучително и големите пазари како Германија, САД, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија. Во групацијата вкупно има 5.065 продавници.

Продажбата е скоро преполовена, но продавниците преку интернет и понатаму се отворени на повеќето пазари, посочува H&M.

Во Кина, физичките продавници повторно се отворија и групацијата забележува “постепено закрепнување”. Во февруари, продажбата во Кина потонала 84 проценти.

Во првиот фискален квартал кој завршил во февруари, компанијата објави нето добивка од 1,92 милијарди шведски круни (389 милиони долари), повеќе од двојно отколку во истиот минатогодишен период.

Приходите искажани во локална валута пораснале за пет проценти на 54,95 милијарди круни.

Во вториот фискален квартал компанијата очекува загуба.

Поединци и цели заедници се наоѓаат во ” досега невидена ситуација поради пандемијата од коронавирусот и се воведени мерки за спречување на ширењето на вирусот“, истакнува Хелена Хелмерсон.

Клучни зборови

  • H&M
  • коронавирус
  • Хелена Хелмерсон
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk