Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Светски херои во екот на пандемијата на 10 место, Бил Гејтс

29 јул. 2020 г.·3 мин читање·70 прегледи

Следете не на Viber

По првите топ пет светски херои во услови на пандемија, согласно листата на „Фортун“ Ви ги претставуваме следните 5 од вкупно 25 лица кои во услови на пандемија  беа храбри и решителни во своите одлуки и по цена на животот.

  1. Рејчел Бедард

Работи во геријатриски центар во Њујорк. Позната е по нејзините заложби за итно ослободување на сите притвориени лица во затворите кои се изложени на ризик од Ковод 19.

„Таа порача дека треба да се преземат чекори за итно ослободување на сите во затворите, кои се изложени на ризик од сериозна морбидитет и смртност од ковид“, напиша Бедард на Твитер.

Локалните весници објавиле дека коронавирусот пристигнал во затворот Рикерс, каде има над 900 затвореници постари од 50 години.  Повеќето не се осудени за обвиненијата за кои се товарат и чекаат да се решат нивните предмети.

  1. Хозе Андрес

Андрес е основач на ресторанот „Ворлс Централ Кичн“. Својот ресторан го стави во служба за оние на кои им е најпотребна храна, така 100 000 оброци на ден се сервирани за здравствените работници и за другите лица во жариштата на ковид. Најновиот подвиг на Андрес е претворањето на бејзбол стадионот на „Вашингтон Националс“ во голема кујна за заедницата за да им служи на жителите на Вашингтон.

  1. Георг Јанкопулос

Јанкопоулс е американски научник коосновач на фармецевтската компанија „Регенерон Фармацеутиклс“. Работи на два фронта во борбата со ковид, од една страна на анализи на лекот за ревматоиден артритис, откако се појави доказ од Кина дека може да им помогне на најтешко болните пациенти. Од друга страна  од јануари, тимот на Јанкопулос развива и коктел со антитела, по истиот пристап што му помогна да достави лек за ебола минатата година  за лекување на болеста и служеше како профилакса за медицинските работници.

  1. Мери Бара

Таа е извршен директор на Генерал Моторс. Бара,  е првата дама на толку висока позиција во историјата на автомобилската индустрија. Во услови на криза предизвикана од пандемијата,  бара застана брзо во лицето на критиките од Претседателот и ги искористи придобивките. На 8 април, Министерството за здравство и човечки услуги на САД, му додели на Генерал Моторс на договор од 489 милиони американски долари за испорака на 30.000 вентилатори до крајот на август.

  1. Бил Гејтс

Коосновачот на Мајкрософт, на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс Фондација“ и филантроп вели дека животот ќе се врати во нормала по добивање на вакцина за ковид. Уште пред неколку години Гејст предупредуваше за можности од ширење на пандемија и апелираше државите да се подготвуваат.

Коосновсачот на Мајкрософт вели дека Фондацијата ќе инвестира милијарди за финансирање на фабрики кои ќе развијат вакцина против КОВИД-19.

Клучни зборови

  • Бил Гејтс
  • ковид19
  • пандемија
  • рејчел бедард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk