„ПАРИ” АНАЛИЗА | Есента 2021 година ќе биде запаметана по енормниот скок на цените на електричната енергија, и според сите предвидувања, високи цените и понатаму ќе се задржат. Растот на цените на берзите го запали алармот за зголемување на домашното производство на секаков можен начин. Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) пак, испорачуваа струја по веќе договорена цена со што домаќинставата не беа изложени на есенскиот шок. Корекција се направи од 1 јануари 2022 година, но не по реален износ, туку се утврди помал раст на цената, за да се заштити населението и малите фирми-потрошувачи.
Во вакви услови, како што покажуваат податоците на БизнисМрежа.мк, државната компанија ЕСМ ја заврши 2021 година со катастрофален минус од 28 милиони евра! Претходната 2020 година, минусот беше 16,7 милиони евра.
Во загуба се и фирмите-ќерки на ЕВН кои учествуваат и во формирање на цената на струјата. “ЕВН хоум“ ја има лиценцата „универзален снабдувач“ и „снабдувач во краен случај“, со што е здолжена за снабдување по регулирани цени на домаќинствата и на малите потрошувачи, како…