Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ХАОС ВО МЕЃУНАРОДНИОТ АВИОСООБРАЌАЈ ПОРАДИ ВОЈНАТА СО ИРАН: Откажани летовите за блискоисточните дестинации, останатите се пренасочуваат

2 мар. 2026 г.·4 мин читање·4918 прегледи

Следете не на Viber

Заедничкиот американско-израелски напад врз Иран предизвика масовно затворање на воздушниот простор и прекини на летовите во реонот на Блискиот Исток, јавија светските медиуми. Водечките регионални авиокомпании како Етихад, КатарЕрвејз и Емиратес ги прекинаа своите услуги, а Ер Кувајт ги запре летовите до Иран.

Изминатиов викенд ескалацијата на судирите натера многу од авиокомпаниите да ги пренасочуваат своите авиони додека се во воздух поради затворањето на многу регионални аеродроми од безбедносни причини.

И водечките европски авионски компании како Луфтханса, Бритиш Ервејз, Туркиш Ерлајнс, Ер Франс и други ги суспендираа сите летови во регионот до 7 март. На патниците им се препорачува да направат онлајн проверка на своите летови пред да тргнат на патување.

Виз Ер во соопштение потврди поради тековната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија се суспендирани до 7 март. Летовите до и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман исто така остануваат суспендирани до 7 март, како што беше претходно најавено.

Од авиокомпанијата додаваат дека патниците ќе бидат навремено информирани за сите очекувани промени. Патниците кои ги резервирале своите билети преку трети страни треба директно да се обратат до агенциите или платформите преку кои ја извршиле резервацијата.

Туркиш ерлајнс ги откажа летовите до и од Бахреин, Дамам и Ријад (Саудиска Арабија), Иран, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар, Сирија и ОАЕ.

Ер Франс ги откажа своите закажани летови до и од Тел Авив, Бејрут, Дубаи и Ријад до 3 март.

Холандската авиокомпанија КЛМ моментално не лета низ воздушниот простор на Иран, Ирак и Израел, ниту над неколку земји во регионот на Персискиот Залив. Летовите до, од или преку дестинации во регионот се откажани или прилагодени. Летовите на КЛМ до Тел Авив се суспендирани до крајот на зимската сезона; летовите до и од Дубаи се суспендирани до 5 март; а летовите до и од Даман и Ријад се исто така суспендирани до 5 март.

Бритиш ервејс нема да лета до Тел Авив и Бахреин до 4 март, додека голем број летови до Блискиот Исток се исто така откажани. Авиокомпанијата соопшти дека доколку патниците треба да летаат помеѓу Лондон Хитроу и Абу Даби, Аман, Бахреин, Доха, Дубаи или Тел Авив до и вклучително и 15 март, тие можат бесплатно да го променат својот лет за да патуваат на или пред 29 март. Патниците што патуваат до и вклучително и 8 март, исто така, можат да побараат целосно враќање на парите.

Авиокомпаниите на групацијата Луфтханза – која ги вклучува Луфтханза, Свис Интернешнл Ерлајнс, Остриан Ерлајнс, ИТА Ервеј“ и Еуровингс – ги прекинаа летовите до Тел Авив, Бејрут, Аман, Ербил, Дамам и Техеран до 8 март. Покрај тоа, авиокомпаниите на групацијата Луфтханза исто така ги прекинаа летовите до и од Дубаи до 4 март.

Финер ги прекина дневните летови до Дубаи и Доха до 6 март, додека Норвејз ги прекинува своите летови до и од Дубаи до и вклучително и 4 март. „Потоа ќе процениме дали е можно да се продолжат летовите“, соопшти нискобуџетната компанија.

Делта Ерлајнс ги откажа летовите од Њујорк до Тел Авив до 8 март, додека летовите на Американ Ерлајнс од Доха до Филаделфија се „привремено прекинати“. Ер Канада ги откажа летовите од Канада до Израел до 8 март и до Дубаи до 3 март.

Аеродромите низ Блискиот Исток останаа затворени во понеделник, бидејќи конфликтот влезе во својот трет ден. Ситуацијата се менува брзо и авиокомпаниите ги повикаа патниците да го проверат статусот на летот преку интернет пред да се упатат кон аеродромот.

Аеродромите во Дубаи потврдија дека сите летови на меѓународниот аеродром во Дубаи и на аеродромот во Дубаи Ворлд Централ – Ал Мактум Интернешнл се суспендирани до понатамошно известување.

(Фото: скриншот, FlightRadar24)

Клучни зборови

  • Бритиш Ервејз
  • визер
  • војна
  • дубаи
  • Етихад
  • израел
  • Иран
  • Катар Ервејз
  • суспендирани летови
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk