Во ера на глобализација и процес на хармонизација кон водечките елити голем број на работи од водечките држави се превземаат како цивилизациски белег на останатите.
Во пракса не секогаш она што функционира на едно место може во целост да се имплементира на друго и не секогаш превземените работи се подобри од локалните, но има и такви позитивни примери каде ископираните процеси довеле до дополнителен бенефит за инволвираните страни.
Еден таков елемент е празнувањето и одбележувањето на празникот Halloween на 31 октомври и кој за многумина означува ноќ на вештерки и фенери од тикви, но од инвеститорска гледна точка има поинакво значење кое е поврзано со одреден годишен циклус на пазарот на акции.
Циклусот е составен од два дела: првиот дел започнува кон крајот на месец октомври и почетокот на ноември и затоа се поврзува со Halloween и трае до крај на април и почеток на мај, додека вториот…