Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Нов потрошувачки кредит од Халкбанк со 5% фиксна каматна стапка за првите 3 години

19 јун. 2020 г.·2 мин читање·5755 прегледи

Следете не на Viber

Потрошувачки кредит со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување е новиот производ на Халкбанк со кој Банката излегува во пресрет на граѓаните во новонастанатата состојба.

Максималниот износ на кредитот е 1.500.000 денари, а рокот на враќање е до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата која во моментот на склучување договор изнесува 1,5 % зголемена за 4 пп).

Кај овој производ, провизијата за обработка на кредитот е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) која зависи од износот на кредитот, рокот за негово враќање, износот на трошоците, висината на договорната каматна стапка и висината на полисата, кај кредит од 600.000 денари, рок на отплата 120 месеци и каматна стапка 5% фиксна за првите три години, односно 5,5% променлива за остатокот на периодот е 5,38% (во пресметката не е вклучена  полисата за осигурување).

Новиот потрошувачки кредит како целина вклучува и пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување АД Скопје наменета за осигурување на потрошувачки кредити, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода.

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%.

Новиот потрошувачки кредит на Халкбанк е ненаменски и може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, „за сè што ви е важно“ тука е Халкбанк.

Клучни зборови

  • камата
  • Кредит +
  • пандемија
  • Потрошувачки кредит
  • Халк банка АД Скопје
  • Халк Осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk