Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Халкбанк со ново намалување на каматите на станбениот кредит

20 мај 2020 г.·2 мин читање·168 прегледи

Следете не на Viber

Во услови кога полека се намалува кризата од КОВИД-19 и кога животот почнува постепено да се враќа во нормала, сите оние сакаат да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит, тоа можат да го реализираат многу лесно со Станбениот кредит на Халкбанк со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување кој сега е со уште подобри услови, креирани за посткризниот период.

Станбениот кредит обезбеден со пакет полиса за осигурување на Халкбанк е со најниски каматни стапки на пазарот – од 3,2% фиксна за првите 10 години, и 4 процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години. Дополнително, овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) од 3,25% за кредит со рок од 10 години, и е БЕЗ трошоци за проценка и БЕЗ трошоци за одобрување. Односно, стапката на вкупни трошоци (СВТ) кај овој производ е најниска во земјава, без разлика дали се работи за рок на отплата на 10, 20 или 30 години.

Со кредитот, клиентот добива и пакет полиса за осигурување наменет за осигурување на станбени кредити од Халкбанк кој претставува една целина, а ги содржи следните покритија и опфатени ризици:

НЕМОЖНОСТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КРЕДИТИ – смрт од било која причина, смрт од незгода,

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА – траен инвалидитет над 30%.

Максималниот износ на кредитот е до 140.000 евра, постои можност за грејс приод од 12 месеци, а минимумот на учество изнесува 10% од бараниот износ.

Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа никаков надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплатува еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.

Халкбанк има склучено и соработка со голем број градежни компании и доколку сакате да купите стан во зграда која е во тек на градба, Банката прифаќа хипотека со лист за предбележување како обезбедување за становите од компании кои се наоѓаат на листата на Банката.

Клучни зборови

  • halkbank
  • Каматна стапка
  • Кредитирање
  • осигурување
  • проценка
  • Станбен кредит
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk