Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

17 апр. 2024 г.·3 мин читање·815 прегледи

Следете не на Viber

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД Скопје организира две работилници по повод Светскиот ден на планетата Земја.

Со цел да ги поттикнат значењето на заштитата на животната средина и воспитувањето на еколошката свест, „Халкбанк“ ќе организира две работилници во Градскиот парк, во близина на летната сцена „Лепеза“, на 21 април, со почеток од 11 часот.

Првата работилница, насочена кон учење и едукација за растенијата и за техниките на садење, претставува несекојдневна можност за едукација на повеќе теми, вклучувајќи ги почвата, водата и нивната употреба. На работилницата ќе се учи за различни видови растенија: растенија кои може да се користат во исхраната, растенија кои го подобруваат квалитетот на воздухот, растенија кои го подобруваат квалитетот на живот на нашата планета. Под слоганот „Направи простор за дишење“, учесниците ќе имаат можност да добијат практични совети за одгледување на растенијата во своите домови и градини, од стручен едукатор кој ќе биде присутен на настанот.

Во втората работилница учесниците ќе се запознаат со креативни техники за рециклирање на саксии и создавање уникатни декоративни елементи за своите домови. Оваа работилница ќе ги поттикне учесниците да ги искористат своите креативни вештини и да придонесат за заштита на животната средина преку рециклирање и уметност. Креативноста секогаш е забавна, а рециклирањето без исклучок е корисно. Уникатните саксии потоа ќе послужат за садење растенија и за придонес кон глобалната иницијатива за зачувување на нашиот заеднички дом – планетата Земја.

„Работилниците претставуваат уникатна можност за поврзување со природата и учење на хортикултурни практики кои можат да го подобрат и продолжат животот на нашата планета. Преку нив сакаме да ги инспирираме учесниците да направат простор за дишење во своите домови и заедници, преку креативност и заштита на природата. Веруваме дека секој мал чекор има големо значење за заштитата на животната средина“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг-комуникации во „Халкбанк“ АД Скопје.

Ако сакате и вие да бидете дел од овие работилници, пријавете се на линкот. Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте додека не се пополнат местата.

Со долгорочниот ангажман на „Халкбанк“ за одржување на животната средина и партнерството со „Мастеркард“ во иницијативата „Прајслес планет“, уште еднаш се потврдува општествено одговорното дејствување на банката за подигнување на еколошката свест. Во иднина, „Халкбанк“ планира да ја поддржи оваа иницијатива преку различни кампањи, со цел да ги зголеми свеста на заедницата и индивидуалниот придонес кон заштитата на нашата планета.

Коалицијата „Прајслес планет“ е формирана во јануари 2020 година, како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди што ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите низ целиот свет за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години. Во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн интернешнел“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Клучни зборови

  • Прајслес Планет
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk