Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

Халкбанк ќе ги исплаќа мартовските пензии редоследно

28 мар. 2021 г.·2 мин читање·622 прегледи

Следете не на Viber

Халкбанк АД Скопје ги повикува своите почитувани клиенти пензионери, користењето на пензијата за месец март да ја извршат преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.  На сите пензионери кои користат картичка, парите ќе им бидат на сметка на 29.03 (понеделник) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари                   29.03.2021 г. (понеделник)
  • 11.001-14.000 денари            30.03.2021 г. (вторник)
  • 14.001-18.000 денари            31.03.2021 г. (среда)
  • Над 18.001 денари                 01.04.2021 г. (четврток)

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје, известуваат од банката.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот, стои во известувањето

Клучни зборови

  • halkbank
  • Предвремена исплата на пензии
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk