Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Халкбанк ја доби наградата „STP AWARD 2023“ од Комерцбанк

12 јул. 2024 г.·1 мин читање·499 прегледи

Следете не на Viber

Халкбанк АД Скопје е добитник на „STP AWARD 2023“ – награда за извонредност во испораката на комерцијални плаќања и трансфери на финансиски институции во текот на 2023 година. Оваа престижно признание го доделува Комерцбанк, една од водечките меѓународни деловни банки во Европа.

Клучни критериуми за добивање на оваа награда, што се доделува на внимателно селектиран број деловни банки, се вкупниот број на успешно извршени трансакции и високото ниво на прецизност и усогласеност на СВИФТ пораките со меѓународните стандарди.

Халкбанк посветено работи на обезбедување на висок степен на ефикасност и прецизност во обработката на плаќањата, што е препознаено и наградено од страна на Комерцбанк.

Преку континуирани инвестиции во обука и размена на знаења со светски реномирани финансиски институции, Халкбанк се стреми да ги унапредува услугите што ги нуди на своите клиенти, како и да воведува нови и иновативни.

Клучни зборови

  • STP AWARD 2023
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk