Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Халкбанк го прославува месецот на штедење и ги мотивира младите штедачи и нивните родители

6 окт. 2023 г.·4 мин читање·1159 прегледи

Следете не на Viber

Сон на секој родител е на своето дете да му обезбеди сигурна иднина. А тоа многу полесно може да се постигне доколку од најрана возраст на детето се почне со штедење. Со одвојување дури и мали износи, додека детето да наполни 18 години може да се заштеди сума која би можела да  покрие најразлични трошоци, како на пример трошоци за школување, за полагање возачки испит, за престој во странство или пак за различни животни прилики кои во иднина можат да се покажат како важни.

Дополнително, штедњето е важен чекор во создавањето добри навики. Велат дека навиките кои се стекнуваат во најраната младост се оние кои остануваат за цел живот. Бидејќи штедењето е добра навика која се создава, добро е да се охрабри детето од мали нозе да управува со средства што ќе помогне и во создавање одговорен однос кон парите.

Во октомври, светскиот ден на штедење, Халкбанк за својот производ Детско штедење понуди атрактивни каматни стапки како мотив плус родителите навреме да почнат да размислуваат за иднината на своите деца.

Детско штедење е производ наменет за деца до 18 годишна возраст. Ја отвора законски застапник, родител или старател, а детето со средствата може да располага по своето полнолетство. Минимален износ за вложување е 1.000 денари, односно 20 евра доколку се отвора штеден влог во девизи. Кај овој производ можат да се вршат дополнителни уплати на шалтерите на банката, со траен налог или преку електронско банкарство на родителот.

Средствата можат да се орочат на 25, 36, 48 или 60 месеци, а каматните стапки се фиксни за целиот период на орочување и изнесуваат 2, 2,5, 3 и 3,5% соодветно за штедење во денари, односно 1, 1.5, 2 и 2.5% соодветно за штедење во евра. Исплатата на каматата е на крајот на рокот на орочување.

Затоа не двоумете се. Искористете ги поволностите и отворете детски депозит. На тој начин ќе ја зголемите навиката за штедење на вашето дете и ќе создадете посигурна и среќна иднина за него. За малиот штедач ќе Ви биде издадена и дизајнирана детска штедна книшка и подарок од ХАЛКИ. За призводот можете да аплицирате и онлајн на следниот линк https://www.halkbank.mk/detsko-shtedenje.nspx

Халкбанк и овој октомври, во месецот на штедење како и секоја година, понуди атрактивни каматни стапки и за други свои депозитни производи.

Условите на ПРОМО депозитот се особено атрактивни, овозможувајќи Ви да ги орочите средствата во денари или евра на период од 13, 25 или 36 месеци.

Каматните стапки кај денарското штедење изнесуваат 3.3, 3.8 и 3.9% соодветно, односно 2.3, 3.8 и 3% соодветно ако се штеди во евра. Минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра, а кај производот не се дозволени дополнителни уплати или делумно повлекување средства.

Понудата за ПРОМО депозитот е креирана по повод месецот на штедење-Октомври и истата важи до 31.10.2023 година.

Навистина атрактивни услови нуди и Онлајн депозитот кој е наменет за физички лица кои се корисници на електронско банкарство на Халкбанк и може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство.

Минималниот износ за вложување е 3.000 денари или 50 евра, а максималниот износ на вложување не е ограничен, односно може да биде согласно расположливите средства на платежната сметка (вклучувајќи го и дозволеното пречекорување). Средствата можат да се орочат на 6, 12 и 24 месеци, а каматните стапки изнесуваат 2, 3.3 и 3.8% соодветно за депозити во денари, односно 1.5, 2.5 и 3% соодветно за штедење во евра.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Детско штедење
  • халкбанк
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk