Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Халк Вело Грин – велосипедската трка во организација на Халкбанк ќе се одржи на 8 Септември во Маврово

6 сеп. 2020 г.·4 мин читање·112 прегледи

Следете не на Viber

Многу награди и предизвици за професионалните и рекреативните велосипедисти

 

(Скопје, 06.09.2020) – На 8 Септември со почеток во 10:30 часот, во Маврово ќе се одржи првата хронометар велосипедска трка во нашата земја, насловена како HALK VELO GREEN. Трката е во организација на Халкбанк АД Скопје, како дел од HalkEco платформата чија цел е поттикнување на здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина. Право на учество имаат сите лица над 16 години, а учесниците ќе се натпреваруваат во две категории според тежина на патеката, ПРО и ХОБИ.

Рутата е во должина од 22 км, ќе се вози во правец Бистра – Леуново – Бистра, а стартната точка ќе биде големиот паркинг пред спортската сала, што воедно ќе биде и завршна точка. Во времето предвидено за трката, од 10.00 – 15.30 часот, патот ќе биде затворен и обезбеден од сообраќајна полиција.

Бидејќи се работи за хронометар трка, по еден учесник ќе стартува на секои 15 секунди. Мерењето на време ќе се врши со чипови, кои ќе им бидат доделени на учесниците пред почетокот. Покрај чиповите, секој учесник добива и подарок од организаторот и пријателите на трката, фотографии од трката, медал и онлајн диплома за завршена трка.

HALK VELO GREEN трката ќе се одржи според правилата и протоколите пропишани од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Задолжително е сите учесници да носат заштитна маска пред почетокот и по завршувањето на трката, како и одржување физичка дистанца за време на истата. Ќе бидат поставени и повеќе пунктови за дезинфекција на рацете. На влезот ќе се прави термален скрининг на секој учесник, а медицински екипи ќе бидат поставени на три места на патеката. Организаторите имаат обезбедено дополнителни заштитни маски со цел целосно да се испочитуваат протоколите.

“Особено сме горди што се јавуваме во улога на организатор на првата хронометар велосипедска трка во земјава и што и покрај несекојдневните случувања предизвикани од пандемијата, успеваме да ги продолжиме нашите активности во насока на грижа за животната средина. Уверени сме дека организацијата ќе помине во најдобар ред и дека истата ќе прерасне во традиција. Се надеваме дека учесниците ќе уживаат во возењето и во прекрасната природа што ја има Маврово, водени од можноста за победа, но водени и од крајната цел – придонесување за зголемување на зеленилото во земјата преку пошумување. Нѐ радува што преку нашата HalkEco апликација и активностите кои ги нудиме, успеваме да поттикнуваме сѐ повеќе граѓани да прават промена во своите животни навики, да ја зголемат својата физичка активност и свест за околината. Преку тоа добиваме поздраво, почисто и подобро општество за сите. Им посакуваме многу успех, но и убав помин на сите кои ќе се натпреваруваат. Секако, огромна благодарност до општина Маврово и Ростуше, Мастеркард, Халк Осигурување, Алкалоид АД Скопје, Полеоспорт, One Hospital и Parkland Hospitality Group кои пријателски ја поддржуваат оваа трка“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

За најдобрите натпреварувачи, мажи и жени, во двете категории ќе има вредни награди. Најдобрите во категоријата ПРО ќе добијат ваучер за Garmin часовник во износ од 30.000 денари, оние кои ќе освојат второ место добиваат ваучер за спортска опрема во износ од 15.000 денари, а оние кои ќе освојат трето место добиваат ваучер за спортска опрема во износ од 9.000 денари. Наградите во категоријата ХОБИ се следните: прво место – ваучер за Garmin часовник во износ од 20.000 денари, второ место – ваучер за спортска опрема во износ од 6.000 денари и трето место – ваучер за спортска опрема во износ од 3.000 денари.

Халк Вело Грин е во организација на Халкбанк АД Скопје, со техничка и стручна поддршка од КЛС ивенти, Сојуз на спортови Скопје и спортскиот директор Лазо Миновски.

Клучни зборови

  • HALK VELO GREEN
  • halkeco
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk