Халк Осигурување ќе емитува акции во вредност од три милиони евра

1 мин читање1073 прегледи

Халк Осигурување АД Скопје ќе ја емитува деветтата емисија од 300.000 нови обични акции со вредност од 3.000.000 евра во денарска противвредност. Издавањето на долгорочните хартии од вредност е по пат на приватна понуда.
Целта е задржување на потребната адекватност на капиталот и создавање услови за непречено вршење на редовното работење. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач – институционалниот инвеститор Халк банка АД Скопје, кој е и акционер на Друштвото.
За оваа емисија одобрение е дадено од Комисијата за хартии од вредност.