Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Халк Банка АД Скопје поднесе апликација за членство во СЕПА која е потврдена од страна на Европскиот платен совет

26 мај 2025 г.·2 мин читање·2658 прегледи

Следете не на Viber

Халк Банка Скопје официјално ја поднесе својата апликација за членство во Единственото подрачје за плаќања во евра (СЕПА) до Европскиот платен совет за која советот потврди дека е успешно поднесена. Со ова  банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници во шемите Евроскиот платен совет на 13 јуни 2025 година.

Овој значаен чекор ја потврдува посветеност да банката да обезбеди на своите клиенти брзи, сигурни и економични решенија за плаќања низ Европа.

Со членството во СЕПА, Халк Банка Скопје ќе им овозможи на своите клиенти да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови, со иста леснотија и ефикасност како во рамките на националните граници. Ова значи побрзи трансакции, пониски трошоци и поголема удобност за физичките лица и бизнисите кои работат на европскиот пазар.

Визијата на банката е да биде водечка банка во регионот, нудејќи иновативни и достапни финансиски услуги. Поднесувањето на апликацијата за СЕПА е дел од стратегијата на банката за интеграција во европскиот финансиски екосистем, со што дополнително ја зајакнува позицијата на доверлив партнер за финансиски потреби на населението и бизнис заедницата.

Со пристапот во СЕПА регионот, кој е сочинет од 41 земјa-членкa со преку 4.000 учесници во платежната шема, се очекува банката да биде оперативнo подготвена на почетокот на октомври 2025 година.

Халк Банка Скопје останува посветена на иновациите и на обезбедување на најсовремени решенија за финансиски услуги, во чекор со европските и глобалните стандарди.

Клучни зборови

  • СЕПА
  • Халк банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk