Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

,,ПАРИ” ДЕНЕС: Хакерски напад на домашните банки, Стопанска банка Битола со супериорна добивка, од утре се исплаќаат пензиите…

24 фев. 2022 г.·3 мин читање·3235 прегледи

Следете не на Viber

Хакерската грчка група ,,Моќна грчка армија се пофали дека ги хакирала македонските банки ТТК банка, Комерцијална, Шпаркасе, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола…

Од Народната банка информираа дека податоците на клинетите се безбедни. ДДоС напад всушност е напад на веб-страниците. Огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата. Серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ДДоС нападите на веб страниците на банки во нашатата држава, посочуваат од МВР.

СУПЕРИОРНА ДОБИВКА ЗА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ЛАНИ- НАЈГОЛЕМА ВО ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКОТО РАБОТЕЊЕ

Во текот на 2021 година, Стопанска банка а.д. Битола континуирано го приспособуваше своето работење според случувањата поврзани со пандемијата на ковид 19, која силно влијаеше на целокупниот домашен и глобален економски амбиент. Работејќи на натамошна дигитализација на производите, услугите и процесите со цел да се обезбеди безбедност и да се сочува здравјето, како и заради поголема достапност до клиентите, фокусот во изминатата година беше насочен кон засилена наплата што придонесе за остварување на значителен приход од наплата на претходно отпишано побарување. Дејствувајќи проактивно во услови на динамично опкружување, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 31.12.2021 година, односно нето-добивка во износ од 345,10 милиони денари, а со тоа 2021 година е една од најуспешните во повеќедецениското работење на Банката.

ПРЕДВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ – НА КОЈ ДАТУМ ДА ГИ ПОДИГНЕТЕ ПАРИТЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА?

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД Скопје ве известува дека пензиите за месец февруари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.Со пензиите за месец февруари, клиентите ќе можат да располагаат од 24.02.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  1. До 11.000 денари на 24.02.2022 (четврток)
  2. 001-14.000 денари на 25.02.2022 (петок)
  3. 001-18.000 денари на 28.02.2022 (понеделник)
  4. Над 18.001 денари на 01.03.2022 (вторник)

Прочитајте и:

http://pari.com.mk/ova-e-planot-na-bajden-za-isklucuvanje-n/

Клучни зборови

  • Домашни банки
  • пензии
  • Стопанска банка Битола
  • хакери
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk