Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Гувернерот д-р Трајко Славески за „Топ 100 извозници”: Новите трговски политики и продолжената светска неизвесност се јасен потсетник за важноста на силните домашни економски фундаменти

20 ное. 2025 г.·3 мин читање·784 прегледи

Следете не на Viber

„Во услови на зголемена светска неизвесност и променлива економска средина, силните домашни економски фундаменти се клучот за зачувувањето на стабилноста и за постигнувањето одржлив раст. Последните години се одбележани со висока променливост, видлива и преку високите индекси на светската неизвесност, што значително влијае и врз процесите на носење економски одлуки”, истакнува гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во колумната објавена во едицијата „Топ 100 извозници”.

„Високата светска променливост и непредвидливост веќе половина деценија се неизбежен дел од матрицата на одлучување на сите носители на одлуки. Се чини дека единствената константа во овој период е неизвесноста. Ова е видливо и преку квантитативните индекси, на пример индексот на светската неизвесност, којшто се одржува на историски највисоки нивоа. Секако, ова не е важно само за нас како носители на макроекономски одлуки, туку и за приватниот сектор, којшто треба да носи инвестициски одлуки, да одлучува за нови проекти, да дефинира среднорочни бизнис-планови”, посочува гувернерот Славески, којшто се осврнува и на новите трговски политики на САД коишто создадоа дополнителни притисоци врз меѓународната трговија.

„Македонската економија не беше исклучок во однос на примената на новите мерки. Иако најавената царина кон нашите производи првично изнесуваше 33%, подоцна таа беше намалена на 15%. Со оглед на ниското учество на извозот кон САД (0,9% во просек во последните пет години, или 1,4% во 2024 година), директните ефекти врз домашната економија се ограничени. Се очекуваат индиректни поголеми влијанија, преку можните последици врз европската економија како наш најзначаен трговски партнер”, нагласува гувернерот, осврнувајќи се на повисоката директна изложеност на извозот на Европската Унија кон американскиот пазар. Гувернерот додаде и дека покрај првичните загрижувачки очекувања, светската економија досега покажува релативна отпорност, а трговските текови се приспособуваат побрзо од очекуваното. Ова се одразува и во проекциите за македонската економија, според кои се очекува постепено зајакнување на странската побарувачка и умерено забрзување на извозната активност во 2026 година.

„За нас, како мала и отворена економија, светските услови се од исклучително значење, но стабилната економска основа претставува важен предуслов за успешно справување со непредвидливите екстерни шокови. Низ овој турбулентен период исполнет со постојани предизвици, Народната банка и натаму ќе биде цврсто посветена на остварувањето на своите цели – одржување на ценовната стабилност на среден рок и задржување на стабилноста на финансискиот систем”, оценува гувернерот Славески во новата едиција на „Топ 100 извозници”.

Клучни зборови

  • д-р Трајко Славески
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk