Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Гувернерката со здружението Жени во органите на управување Јадран: Повеќе жени на лидерски позиции во областа на финансиите

3 јан. 2024 г.·2 мин читање·293 прегледи

Следете не на Viber

„Вклучувањето на жените на повисоки раководни позиции во организациите придонесува за јакнење на стратегиското одлучување. Народната банка е позитивен пример во домашната економија, но и во меѓународни рамки. Угледниот британски форум ОМФИФ при последното рангирање ја има посочено Народната банка како прва помеѓу централните банки во светот според застапеноста на жените на раководните позиции. Важно е да се преземат иницијативи и да се работи на премостување на јазот во родовата застапеност во лидерството, којшто постои и кај нас во финансиските институции и воопшто“, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претставничката на иницијативата Жени во органите на управување Јадран (Women on Board Adria − WOBA), Тања Михајловска Димитриевска.

Според последните расположливи податоци на меѓународниот индекс за родова застапеност, којшто во изминатата декада го објави британскиот форум ОМФИФ, учеството на жените во органите на управување во деловните банки се подобрува, но и натаму е на ниско ниво. Во 2023 година, учеството на жените во одборите на директори на деловните банки е околу 35%, додека застапеноста на сениорските позиции е 31%. Кај нас не е многу поразлична состојбата во однос на светот. Учеството на жените на раководните позиции во деловните банки е околу 30%, колку што е приближно и учеството во управните и надзорните одбори, додека сè уште има банки каде што во органите на управување сè уште нема застапеност на жени.

Гувернерката го истакна добриот пример на Народната банка, каде што учеството на жените во вкупниот број вработени е околу 60%, но она што е уште поважно е дека учеството во раководните структури е близу до 70%. Во рамките на стратегиското раководство, покрај гувернерката, на две од трите вицегувернерски позиции стојат жени. Ангеловска-Бежоска истакна дека целните иницијативи и стратегии насочени кон поголема родова инклузија се од големо значење за економскиот развој. Таа истакна дека централната банка придонесува кон процесот преку една од нејзините стратегиски цели за финансиска едукација и финансиска инклузија, но и преку активна соработка со меѓународните институции кои даваат поддршка во оваа сфера.

Клучни зборови

  • Ангеловска-Бежоска
  • Жени во органите на управување Јадран
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk