Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Гувернерката на Европскиот форум во Австрија: Повисоките каматни стапки може да го зголемат кредитниот ризик

29 авг. 2023 г.·3 мин читање·54 прегледи

Следете не на Viber

Во време на подолготрајни инфлациски притисоци клучен приоритет на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што е потребна затегната монетарна поставеност, која не треба да создава ризици за финансиската стабилност. Затоа, мора да се преземат макро и микропрудентни мерки за одржување и натамошно јакнење на стабилноста на банкарскиот систем. Со преземање мерки на претпазливост, пред да започне монетарното затегнување или во текот на затегнувањето, се јакне капиталниот и ликвидносниот капацитет на банките и се обезбедува поголем простор за централните банки во борбата со инфлацијата. Ова прозлезе од панел-дискусијата „Влијанието на затегнувањето на монетарната политика врз финансиската стабилност“ на Европскиот форум „Смела Европа 2023“, на која учествуваше гувернерката Анета Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерите на Австрија, Германија и Данска, а се одржа во Австрија.

Во својата дискусија, гувернерката Ангеловска-Бежоска наведе дека историски гледано, глобалната монетарна поставеност претставува најсинхронизираното и најсилно затегнување на монетарната политика во изминатите пет децении, со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се намали стапката на инфлацијата. Но, повисоките каматни стапки може да го зголемат кредитниот ризик и да предизвикаат раст на нефункционалните кредити. Засега тоа не се случува, со оглед на тоа што во Европа и во регионот на ЦЈЕ тие се одржуваат на нивото под 4%, коешто е значително пониско ниво во споредба со претпандемичниот период. Кај нас нефункционалните кредити се уште пониски ‒ 2,8%.

Исто така, како резултат на глобалната регулативна реформа, којашто беше направена и од наша страна, преку повеќето мерки што ги презеде Народната банка, значително се зајакнати капиталниот и ликвидносниот капацитет на банкарскиот систем за ублажување на евентуалните ризици. Адекватноста на капиталот е највисока во последната деценија. Минатата година за првпат беше воведен контрацикличен заштитен слој на капиталот, а оваа година за првпат и макропрудентни мерки насочени кон квалитетот на побарувачката на кредити. Сепак, гувернерката посочи дека особено е важно да се продолжи со натамошно јакнење на макропрудентната и микропрудентната рамка, како и зајакнување на соработката со надлежните европски институции бидејќи во регионот најголемиот дел од активата на банкарскиот систем е во сопственост на банкарски групи од Европската Унија. Оттука, овозможувањето поголема вклученост во супервизорските колеџи и колеџите за решавање банки, коишто ги организираат европските институции, би било од големо значење во размената на информации и преземањето конзистентни и координирани активности.

На крајот на настанот, гувернерката оствари средба и имаше продуктивна дискусија за предизвиците на нашата економија со стипендистите од нашата држава кои присуствуваа на Форумот.

Европскиот форум во Алпбах, Австрија, којшто започна да се одржува во 1949 година е простор за обединување на младите луѓе од Европа и од целиот свет со најиновативните умови од политиката, бизнисот, граѓанското општество, културата и науката за да поттикнат идеи за силна и демократска Европа. Со оваа разновидна, меѓугенерациска и интердисциплинарна заедница, Форумот влијае на клучните учесници низ европскиот континент за да го олесни нивното учење и одлуки.

Клучни зборови

  • Анета Ангеловска-Бежоска
  • Европски форум
  • Народна банка
  • финансиската стабилност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk