Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГТЦ СО ЗАГУБА ОД 637 ИЛЈАДИ ЕВРА, НЕПРАВИЛНОСТИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО опстојуваат

24 мар. 2023 г.·2 мин читање·4038 прегледи

Следете не на Viber

Со минус од бруто 39.758 илјади денари, односно 637,8 илјади евра, Градски трговски центар АД Скопје го заокружи работењето во претходната година.

Во текот на дванаесетмесечниот период трошоците ги надминале приходите. Вкупно остварените приходи се во износ од 3,7 милиони евра (234.969 илјади денари). Како што се наведува во известувањето од Друштвото, во овој сегмент зголемувањето е за два проценти во однос на 2021 година.

Од друга страна, вкупните трошоци забележале раст од три насто, односно изнесуваат 274.727 илјади денари, или 4,4 милиони евра.

Оттаму и поставените цели – годинава да биде успешна. Во таа насока, од ГТЦ најавуваат максимално ангажирање и целосно искористување на сопствените капацитети.

Ова е се што содржи образложението за финансиските резултати објавено на Македонска берза. За управување со здание од речиси 120.000 квадратни метри, во кое дуќаните се приватна сопственост. Односно, Друштвото кое управува располага со триесеттина проценти од деловниот простор. Оттаму и повеќегодишните залагања на дуќанџиите да им се овозможи влез во управувачката структура. Зашто, ги намируваат трошоците, а не знаат како и зошто се трошат нивните пари. Пред две години со писмо реагираа до надлежните институции, при што обелоденија дека сите трошоци се на нивен товар, вклучувајќи ги и оние кои произлегуваат од просторот под владение на АД ГТЦ.

Кон сето тоа се надоврза и скандалот со „копањето“ криптовалути во подрумот на ГТЦ од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам, кој е и советник во Град Скопје. Огромните сметки за струја ги плаќаа сопствениците на дуќаните, а целата работа не доби никаква разрешница. И покрај ревизорските извештаи, кои се со неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, менаџментот и натаму управува според сопствените гледања на работите, бидејќи во меѓувреме никој не ги повика на одговорност.

Клучни зборови

  • Градски трговски центар АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk