Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Групацијата Иуте го доби првиот кредитен рејтинг од реномираната агенција Fitch Ratings

29 јул. 2024 г.·3 мин читање·651 прегледи

Следете не на Viber

Меѓународната агенција FitchRatings го додели првиот кредитен рејтинг на Естонската групација IuteGroup AS, под чијашто капа функционира Иуте Македонија.

Групацијата Иуте, која обезбедува кредитни, платежни и осигурителни брокерски услуги во земјите од Балканот и Југоисточна Европа и котира обврзници на берзата во Франкфурт и Балтичката берза, доби B – долгорочен кредитен рејтинг со стабилна перспектива од Fitch.

Според изјавите на Извршниот Директор на групацијата Иуте – Тармо Силд, добиениот рејтинг е еден од најважните достигнувања на групацијата досега.  “Горди сме што добивме кредитен рејтинг од една од трите најдобри светски рејтинг агенции. Рејтингот ја одразува позитивната оценка на Fitch за нашата дигитална експертиза како клучна сила и нашиот докажан пристап нa меѓународните пазари за кредитирање. Важноста на Energbank за позиционирањето на IuteGroup AS, беше соодветно препознаена. Наша амбиција е континуирано да ги развиваме нашите активности на пазарот на капитал во согласност со нашиот оперативен бизнис.”

“Со Fitch рејтингот како потврда на целото работење на групацијата ја зацврстуваме довербата на нашите постоечки и идни инвеститори, додавајќи дополнителна вредност на нашите заложби за соодветното управување на ризиците, кредибилитетот, сигурноста и транспарентноста.  Добиениот рејтинг значи потврда за нашата финансиска стабилност и успешната деловна политика, истовремено претставувајќи охрабрување за Иуте Македонија да привлече домашни инвеститори во уште поголем обем” – вели Мирослава Смоковска, Директор на Сектор за Финансии во Иуте Македонија.

Кредитен рејтинг претставува оценка на кредитната способност на една институција навремено да одговори на обврските кон инвеститорите. При утврдувањето на кредитниот рејтинг се евалуираат голем број финансиски и економски показатели, од страна на специјализирани рејтинг агенции. Агенцијата Fitch Ratings е глобален лидер за доделување на кредитен рејтинг на финансиски институции ширум светот.

Иуте Македонија како дел од Иуте Естонија е финтек лидер на пазарот и во изминатите 7 години постоење обезбеди пристап до финасии во износ од над 180 милиони евра на 130.000 клиенти. Со навршувањето на првиот семестар од 2024, клиентската база брои 25.000 клиенти, активното квалитетно кредитно портфолио на компанијата изнесува 29 милиони евра, а приходите на друштвото 10.3 милиони евра.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Fitch Ratings
  • Групација Иуте
  • Иуте Македонија
  • Мирослава Смоковска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk