Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Група Европа: Добивката од работењето пониска за 29 отсто

29 мар. 2023 г.·2 мин читање·2097 прегледи

Следете не на Viber

Од работењето во текот на минатата година Група Европа – АД Европа Скопје и Заштитно друштво Европак 2012 ДОО има добивка од 45.243.579 денари или 733,1 илјда евра, за 29,1 отсто пониска од остварената во 2021, кога изнесувала 1,03 милиони евра (63.791.358 денари).

Нешто полоши резултати се прикажани кај вкупните бруто приходи. Постигнатите 14,14 милиони евра (873.056.294 денари) се за 0,7 проценти под износот од 14,25 милиони евра (879.518.577 денари) регистриран една година претходно.

Наспроти тоа, пораст има кај вкупните расходи – за 1,6 насто. Притоа, оперативните расходи се зголемени за еден, а финансиските расходи за дури 64 проценти. Гледано низ конкретните бројки, бруто расходите од 13,09 милиони евра (808.312.276      денари) во 2021, направиле исчекор на 13,30 милиони евра (821.202.210 денари) во 2022 година.

Зголемување од 0,1 насто има кај вкупните оперативни приходи. Останатите приходи, пак, бележат раст од 2,7, додека кај финансиските приходи се работи за зголемување од 125,4 проценти во однос на 2021 година. Или, оперативни приходи лани биле во износ од 13,63 милиони евра, останатите – 179,3 илјади евра, а финансиските приходи – 78,3 илјади евра, со што се доаѓа до сума од 13,89 милиони евра.

Група Европа забележала добивка пред оданочување од 840,2 илјади евра (51.854.084 денари), од кои е платен данокот на добивка во износ од 6.610.505 денари, односно 107,1 илјада евра.

Клучни зборови

  • АД Европа-Скопје
  • добивка
  • приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk