Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГРЧКИТЕ СПАСИТЕЛИ НА ВОДА ГО КРЕНАА АЛАРМОТ: Се’ почесто спасуваат луѓе на даски за веслање, бараат да има дозволи за употреба

25 авг. 2025 г.·3 мин читање·19152 прегледи

Следете не на Viber

Растот на популарноста на СУП-даските меѓу капачите на грчките плажи и пошироко, им донесоа главоболки на грчката крајбрежна стража и спасувачите – се’ почести се повиците да им помогнат на корисниците на стоечко веслање (SUP), бидејќи спортот станува сè попопуларен по плажите во земјата, соопштија официјални лица.

Стоечкото веслање (SUP) требаше да биде хоби за опуштање и добра прилика за фотографии за на Инстаграм. Наместо тоа, грчките спасувачи велат дека тивко се претвораат во SUP Uber, кога се повикани да им помогнат на веслачите кои предоцна откриваат дека Егејот не е хотелски базен.

Според информации во грчките медиуми, само на островот Лимнос годинава девет деца на даски за веслање биле однесени од ветрови со јачина од 7-8 бофори. На островот Лефкада, двајца сурфери на СУП-даски го повикале бројот 112 од своите мобилни телефони за да бидат спасени.

Даска за стоечко веслање (SUP- Stand-up paddle board) е реквизит за воден спорт, роден од сурфањето и ги има своите модерни корени на Хаваи. Стоечките веслачи стојат на даски што пловат на водата и користат весла за да се движат низ водата.

Соочени со “поплава“ од инциденти со СУП-даските секое лето, Сојузот на спасувачи на Грција бара да постои систем за сертификација за корисниците на SUP.  Јоргос Атанасиу, претседател на Федерацијата за кану-кајак на Грција, вели: „Главното правило е дека употребата е дозволена само до 500 метри од брегот. Исто така е забранета во лоши временски услови, ноќе и со повеќе патници отколку што дозволува таблата. Елеците за спасување се задолжителни, но ретко ги гледаме.“

Мариос Миронакис, претседател на Грчкиот сојуз на спасувачи, го поддржува: „Секоја година има повеќе спасувања на пливачи кои се однесени од струи или повредени на таблата. Ниту едно не било фатално, бидејќи самата табла делува како појас за спасување.“

Од 2020 година, спасувачите се опремени со спасувачки чамци и џет-скии, што го олеснува бркањето на даските што избегале. Сепак, Миронакис инсистира: SUP треба да се случува на организирани плажи, а не на случајни заливи каде што спасувањето значи „повикај го чичко ти со рибарски чамец“.

Со зголемувањето на инцидентите, спасувачите се залагаат за едноставно решение: краток курс за сертификација. Неколку лекции преку локални клубови, брифинг за безбедност и одеднаш, луѓето ќе знаат како да не се однесуваат кон својот SUP како кон крузер. „Тоа ќе им помогне на љубителите на спортот да се запознаат со неговото користење, а исто така да ги разберат опасностите и како да ги избегнат“, вели Миронакис.

Дотогаш, советите  на грчките спасители се едноставни, но спасоносни: веслајте на организирани плажи, проверете ја временската прогноза пред да тргнете, не веслајте на повеќе од 500 метри од брегот, не веслајте ноќе, родители, внимавајте на децата, носете елек за спасување, дури и ако ви го расипе имиџот.

Клучни зборови

  • безбедност
  • грција
  • сертификат
  • СУП даска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk