Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА БАРА ГЛАСАЊЕ ЗА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА и нова истрага во врска со железничката несреќа во 2023 година

4 мар. 2025 г.·2 мин читање·1175 прегледи

Следете не на Viber

Две години по железничката несреќа во Темпи, во која загинаа 57 луѓе и по жестоките демонстрации во повеќе грчки градови, со кои беше одбележана тажната годишнина, во грчкиот парламент ќе се расправа за предлогот на ПАСОК за формирање на собраниска предистражна комисија за можни прекршоци направени од тогашниот заменик министер, Христос Триантопулос.

Грчката парламентарна опозиција побара расправа „на тема злосторството Темпи“, а лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис ќе поднесе барање за недоверба на владата, по основ на неодамна објавените наоди на експертската комисија, која работеше на утврдување на причините за несреќата и која ги објави резултатите од истрагата ден пред на годишнината од трагедијата.

Андрулакис ги повика „сите демократски опозициски партии да ја поддржат“ неговата иницијатива, бидејќи се потребни 50 потписи за поднесување предлог за недоверба, додека ПАСОК има 32 пратеници.

Според Уставот на Грција, за формирање собраниска комисија за спроведување на прелиминарно испитување (Предистражна), потребно е апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници. Гласањето за предлогот за недоверба, пак, се одржува веднаш по завршувањето на расправата, но може да се одложи за 48 часа доколку тоа го побара Владата. Предлогот за недоверба се прифаќа само доколку биде одобрен со апсолутно мнозинство од вкупниот број пратеници.

Грчкиот премиер Константинос Мицотакис, во своја писмена објава на социјалните мрежи по повод протестите на двегодишнината на трагедијата во Темби, истакна: „Во петокот нашата демократија ја докажа својата сила“.

Мицотакис повторно упати „апел да му се верува на судството и да му се дозволи да ја врши својата работа без влијание“. Во правна држава, само таа ја има одговорноста, престижот и способноста да расветли случај кој толку многу не повреди. Ниту партиите, ниту народните судови…“, напиша премиерот во својата неделна објава. „Оваа трагедија не беше само ужасна случајност, ниту само трагичен резултат на човечки грешки. И извештајот на ЕОДАСААМ го потврди тоа“.

На двегодишнината од железничката несреќа во Атина и во Солун беа откриени споменици на загинатите, главно млади луѓе, од кои поголем дел од Солун. Спомениците се дрвја на кои има паднато 57 листа со испишани имиња и возраста на загинатите во несреќата. Најавени се и нови протести.

Клучни зборови

  • грција
  • железничка несреќа
  • Константинос Мицотакис
  • ПАСОК
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk