Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Грчката академија за филм за првпат награди филм во чија продукција учествува и Македонија

29 јун. 2023 г.·3 мин читање·400 прегледи

Следете не на Viber

Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“/”Behind the haystacks” на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија.

Дебитантскиот игран филм „Зад стоговите сено“ на младата режисерка Асимина Проедроу од Грција постигна исклучителен успех на церемонијата на доделување на наградите на Грчката филмска академија (Hellenic Film Academy Awards 2023), што се одржа на 27 јуни во Атина, Грција. Филмот беше номиниран во 17 категории и освои десет награди и тоа: за најдобар филм (за продуцентите), за режија, за најдобар дебитант (за режисерката), за сценарио, за фотографија, за главна машка улога, за споредна машка и споредна женска улога, за монтажа и за дизајн на звукот.

Наградите на Грчката филмска академија 2023 или Грчките Ирис награди (Hellenic Iris Awards) се збир на награди кои секоја година ги доделува Грчката филмска академија за извонредност на филмските достигнувања во грчката кинематографија.

Филмот „Зад стоговите сено“ е реализиран како копродукција помеѓу Грција, Германија и Македонија. Македонски продуцент е „Сектор филм“, предводен од продуцентите Владимир Анастасов и Ангела Несторовска. Премиерата на филмот се одржа на Филмскиот фестивал во Солун, во ноември 2022 година, каде доби шест награди. Веднаш потоа беше награден за најдобар дебитантски филм на фестивалот во Гоа – Индија.

Снимањето на филмот се одвиваше на територијата на Грција и на локации во Дојран и Гевгелија во Македонија во текот на 2021 година, кога сѐ уште беа на сила ковид-протоколите. Дејствието на филмот се одвива во 2015 година. Приказната во филмот зборува за рибар кој живее во село на границата помеѓу Грција и Македонија.

Филмот беше поддржан како малцинска копродукција од страна на Агенцијата за филм на РМ и од Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на кинематографски и аудиовизуелни дела на Советот на Европа – Еуримаж.  Главен продуцент е „Аргонаутс продукција“, која соработуваше со „Сектор филм“, продуцентска куќа од Скопје, и „Фикшн парк“ (Fiction Park) од Германија. Покрај културолошката димензија, снимањето на филмот има и пошироко значење, бидејќи претставува прва соработка помеѓу грчките и македонските филмаџии по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Клучни зборови

  • Асимина Проедроу
  • Грчките Ирис награди
  • Зад стоговите сено
  • награди
  • продукција
  • филм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk