Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ГРЦИЈА ОД ДЕНЕС СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА: Рестораните, кината, театрите ќе работат со полн капацитет

9 окт. 2021 г.·2 мин читање·3313 прегледи

Следете не на Viber

Рестораните, кината и театрите во Грција ќе работат со полн капацитет од сабота, објави денеска порталот Катимерини, повикувајќи се на извори од грчката влада.

Само луѓето кои се ревакцинирани против Ковид-19 ќе можат да влегуваат во рестораните, а се очекува владата денеска да издаде соопштение за да ги појасни правилата за рестораните.

Другите мерки што ќе стапат на сила ќе значат крај на строгите антиковид мерки во области каде што присуството на коронавирус е високо, но според грчките медиуми ќе следи и понатамошно ублажување на здравствените мерки во кафулињата и ноќните клубови само за ревакцинираните.

Во областите на Грција каде што беше воведен полицискиот час и забраната за музика преку ноќ, исто така следеше ублажување на мерките така што граѓаните од тие места, вакцинирани или не, ќе треба да носат само маски и да држат социјална дистанца.

Продолжи со читање анализа на следниот линк: ПАРИ АНАЛИЗА: Грчките компании лани свртеле 273,5 милиони евра. „Веро“ убедлив шампион, ја зголемил добивката за 28%

Клучни зборови

  • грција
  • ковид мерки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk