Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Граѓанската обврзница достапна преку експозитурите на НЛБ Банка Скопје

4 јул. 2023 г.·2 мин читање·2467 прегледи

Следете не на Viber

Граѓанската обврзница која ја издаде Министерството за финансии  за граѓаните во земјава e достапна преку НЛБ Банка Скопје. Проспектот за првата аукција на граѓански обврзници е објавен на 30 јуни, а граѓаните можат да аплицираат за овој нов финансиски инструмент во сите експозитури на НЛБ Банка до 12 јули, 2023г, до крајот на работниот ден.

Како што информираше Министерството за финасии, станува збор за безризичен финансиски инструмент со рочност на две години, кој е гарантиран од државата, и кој им дава можност на граѓаните своите слободни средства да ги инвестираат во развојни државни проекти, со загарантирана каматна стапка од 5%. Обврзниците имаат купонска камата, што значи дека секоја година на вложената сума ќе биде исплаќана договорената камата од 5%, додека на истекот на рокот се враќа и вложената главнина, односно износот што ќе го уплатат граѓаните.

Со ова НЛБ Банка Скопје дава своја поддршка во економскиот развој на земјата, тенденцијата на државата за збогатување на пазарот на хартии од вредност со нови финансиски инструменти,  и поттикнувањето на нови инвестиции во развојни државни проекти.

Инаку, обврзниците се финансиски инструменти кои постојат во речиси сите економии и тие не се замена за штедни влогови и инвестиции во други хартии од вредност, туку се надополнување на инвестициското портфолио во земјава и можност за граѓаните за диверзифициран пласман на своите слободни средства.

Постапката за купување на обврзниците ќе се одвива со поднесок на барање преку експозитурите на НЛБ Банка во земјава.

Повеќе информации за Граѓанската обврзницата се достапни на www.nlb.mk.

Клучни зборови

  • НЛБ Банка Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk