Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.
Повеќе зијан отколку ќар се купувачите кои минатата година ги бркаа цените на горивата, но затоа нафтените компании се во дебел ќар со зголемени приходи и профити. Додека Регулаторната комисија за енергетика ги менуваше цените нагоре надолу на секои 3-4 дена, купувачите залудно ги ловеа цените пред да пораснат. Од граѓаните и компаниите, 10 нафтени компании во минатата година „наточија“ вкупно 50,8 милијарди денари, а од бизнисот направија профит од вкупно 2 милијарди денари.
И така ја направија 2024 година за нафтениот сектор повеќе од успешна. Анализата на Pari.com.mk покажа дека сите овие компании освен една имаат раст на профитите и на приходите, притоа задржувајќи приближно ист број вработени.
Од вкупно остварените приходи од 50,8 милијарди денари, дури 31,1 милијарда денари припаѓаат на Макпетрол. Скопскиот нафтен гигант останува најголема нафтена компанија во земјата. Остварените приходи во 2024 година се за 2,24% поголеми во однос…