Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Граѓаните им должат на банките 3,7 милијарди евра

11 мар. 2023 г.·2 мин читање·2432 прегледи

Следете не на Viber

Стабилен и во услови на криза е македонскиот банкарски сектор, покажуваат податоците од Централната банка. Во текот на минатата година на нивното конто се слеале вкупно 287 милиони евра како нето-камати, а од нето-провизии и надоместоци заработката е 101,4 милиони евра.

Всушност, каматите им донеле приход од 336 милиони евра, но за доверените депозити од банките се одлеале 48,8 милиони евра, со што се доаѓа до чистиот износ, односно до нето-каматата. Во однос на 2021 година,во овој сегмен е забележливо натфрлање од 32 милиони евра.

Зголемени се и остварувањата, и тоа за 19 милиони евра, по основ на провизии и надоместоци. Банките заедно инкасирале 162,8 милиони евра. Повеќе од двојно, пак, се пониски исплатените провизии и надоместо од нивна страна – 61,4 милиони евра. Што е подобра слика од онаа во 2021, кога приливот бил 101,4, а одливот 52,4 милиони евра.

Оттука и вкупната добивка на банките кои функционираат во државата, од 157,3 милиони евра. Всушност, 2022 за нив била подобра од претходната за 8,5 милиони евра.

Според податоците од НБРСМ, граѓаните се задолжени кај банките со речиси 3,7 милијарди евра. Најмногу врз база на земени потрошувачки кредити – 1,87 милијарди евра. Додека преку 1,23 милијарди евра должат за решавање на станбеното прашање. Нешто „поситно“ се заборчиле преку користењето кредитни картички- 336,1 милион евра, додека на трансакциските сметки се работи за сума од 225,7 милиони евра.

Клучни зборови

  • Долгови
  • камата
  • нбрсм
  • потрошуваки кредит
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk