Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Граѓанскиот револт ги активира властите: И цените и акциските продажби одат под мраз

13 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1724 прегледи

Следете не на Viber

Реакциите на граѓаните ги забрзаа владините одлуки: одделни цени од идната недела повторно одат под мраз, а трговците не ќе смеат да организираат акциска продажба се до крајот на ноември. Поради тоа, до Владата веќе се испратени предлог одлуки за забрана на акциска и промотивна продажба во сите синџири на маркети до 30 ноември, кои се во насока на спречување измами и потрошувачите да не се доведуваат во заблуда.

„Ова може изгледа како чудна одлука, се чини дека ќе им скратиме на граѓаните одредени права, но не е така. Веќе од идната недела следи замрзнување на прехранбените производи“, тврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

Притоа, ќе бидат соопштени цените на сите производи кои ќе бидат фиксирани на одредено ниво, па купувачите ќе имаат целосен увид во тоа – по која цена се продаваат производите. Сите маркети кои нема да ја почитуваат мерката ќе добијат високи казни, можно е и да бидат затворени или да се одземе дозволата за работа. Според тврдењето на министерот, нема основа за зголемување на цените на прехранбените производи, во услови на намалување на инфлацијата. Поради тоа, цените ќе треба да се намалат најмалку за 10 проценти.

„Сите анализи покажуваат дека нема основа за зголемување на цените на прехранбените производи и од страна на трговците и од страна на производителите, имајќи го предвид намалувањето на цените на основните прехранбени производи на светските берзи и споредувајќи ги со цените како на увезените производи, така и на суровините за домашното производство. Точно е дека има намалување на инфлацијата во однос на претходниот период, но според анализите на Министерството за економија има простор за уште поголемо намалување“, наведе Бектеши. Исто така посочи, завршните сметки на големите маркети покажуваат дека не само што не ги намалиле приходите, туку ги зголемиле во текот на минатата година.

Ценовната листа најверојатно ќе се обелодени во вторник, по владината седница, на која ќе се разгледува предлог-одлуката од Министерството за економија.

Инаку, на претстојната средба со претставниците на големите маркети, Бектеши ќе ги информира за одлуката на ресорното Министерство – за линеарно намалување на цените на храната од најмалку 10 проценти.

Воедно, Државниот пазарен инспекторат ќе ги засили теренските контроли.

Клучни зборови

  • замрзнување на цени
  • маркети
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk