Сведоци сме, последниве години, на бум со недвижностите во земјава. Се градат згради на секоја педа слободна земја по градовите, а особено во Скопје. Рекордна е и побарувачката, со тоа што граѓаните купуваат станови по потреба, но и за да ги заштитат парите од инфлацијата. Сето тоа придонесе и за рекорден раст на цените, кои може да се рамнат со цените во метрополи како Солун, Белград или Загреб. Градежното „лудило“ собра цели 9 милијарди евра од 2013 до денеска за изградба и купување станови во земјава.
Порталот „Пари“ направи анализа на официјалните статистички податоци за градежните активности според издадени одобренија за градба, кои ја сумираат изградбата на станови како од деловни, така и од индивидуални субјекти во земјава, во пери…