Вредноста на извршените градежни работи, минатата година била два милиони евра. Тоа е за 37 отсто помалку отколку во 2024 година. За жал, податоците покажуваат дека трендот на намалување на нашиот градежен извоз ќе продолжи и наредната година. Вредноста на договорените градежни работи во 2025 година изнесувала 2,5 милиони евра, а тоа е дури 58,7 отсто помалку отколку во 2024 година.
Порталот „Пари“ ги консултираше познавачите во градежништвото, зошто се случува овој тренд? Одговорот е дека во Македонија има градежна експанзија, како во однос на приватни инвестиции во станбени згради, така и во јавни инвестиции, каде што македонски компании се вклучени како подизведувачи во градењето на патната инфраструктура. Покрај поголемата вклученост на домашните компании…